Категории

Рецепт на денот: Ќофтиња во сос од пиперки и сирење

Оваа недела ви подготвивме рецепт, богат со вкусови, кој ќе биде омилен на менито на целото семејство. Станува збор за ќофтиња во сос од пиперки и сирење, со кои како прилог совршено оди пире од компири.

Состојки:

  • 150гр сирење по желба
  • 100гр пиперки
  • Лажичка чили
  • Лажица сенф
  • 2 лажици мајонез по желба
  • 550гр. мелено говедско месо
  • 1 јајце
  • Путер
  • Малку бибер и сол

 

Подготовка:

Во сад измешајте го ренданото сирење, сецканите пиперки, чили, сенф, мајонез и биберот. Откако состојките ќе се соединат, оставете ја смесата да отстои додека го подготвувате говедското месо.

 

Во меленото говедско месо додадете го јајцето, солта и биберот и убаво измешајте. Потоа додадете го месото во предходно направената смеса и повторно измешајте.

Стопете го путерот и во него пржете ги ќофтињата, обликувани со рака, додека не поцрвенат.

Послужете ги со прилог од пире од компири.

Уживајте!

Прегледи:
678
Објавено на:
04.09.2019