Категории

Дали некои луѓе ги касаат повеќе комарци отколку другите

Сигурно додека поминувате време надвор во периодот пред стемнување слушате како некои луѓе се жалат од комарци додека вие не забележувате ништо и се прашувате зошто е тоа така? Епа ви соопштуваме дека комарците се селективни инсекти, и тие одбираат само одредени луѓе за свои жртви.

Постојат неколку фактори зошто е тоа така. Во едно истражување на медицинско здружение, лекарите открија дека комарците повеќе ги касаат оние луѓе со нулта крвна група отколку оние со а-крвна група. Тие исто така откриваат дека уште една причина поради која комарците избираат одредени луѓе е производството на ЦО2. Што поголемо производство на ЦО2 од телото на човекот ја зголемува содржината на трошење на карбон диоксид, колку повеќе троши карбон диоксид толку станува попривлечен за комарците.

Исто така уште еден интересен податок е дека комарците гледаат како сте облечени.
Бидејќи тие летаат блиску до земјата, ве гледаат како контраст од хоризонтот, па доколку сте облечени во темна облека, поголема е веројатноста да ве каснат отколку кога носите светли бои.

Исто така од голема важност е и температурата на телото. Оние на кои телото им има повисока температура се повеќе подложни на каснување затоа што тие бараат каде крвта е поблиску до кожата.

Прегледи:
426
Објавено на:
04.09.2019