Категории

Салма Хаек го прослави својот 53-ти роденден со фотографија во бикини

Актерката ги поздрави своите фановите со фотографија во бикини позирајќи самоуверено и изјавувајќи дека не се срами од својата возраст.


Салма Хаек не се срами од своето тело и возраст, наместо тоа таа храбро сподели фотографија од себеси како позира во бикини притоа со натпис „Да ќе полнам 53 години, па што?“

Мексиканската убавица веќе долго време учествува во кампањата за позитивно прифаќање на телото кое старее. Таа изјави за магазинот ИнСтајл дека 50-тите години ја поттикнале нејзината самодоверба.

„Кога влегов во својата 50-ка навистина ми беше тешко да го сакам своето тело но потоа научив дека во тоа се крие тајната. Постојат денови кога сме среќни и тажни и тоа влијае на нашата самодоверба. Научив да го сакам своето тело и покрај годините, тоа е дел од природата, зошто би ја мразела природа и би одела против неа? Стареењето е убаво!“ – изјави познатата актерка која беше номинирана за наградата Оскар.


На честитките за нејзиниот роденден се приклучија доста познати ѕвезди од светот на филмот и модата меѓу кои Пирс Броснан, Лени Кравиц, Синди Крафорд и Едвард Енинфул.

Прегледи:
404
Објавено на:
04.09.2019