Категории

Здрави навики уште од најрана возраст: Кросфит за деца!

Целта на Кросфитот за деца е да се создадат здрави навики уште од најрана возраст, да се приближи важноста и благодетите кои ги носи вежбањето до децата создавајќи желба да бидат фит.

На овој час во Crossfit Skopje тие ќе научат како правилно да го движат своето тело. Оваа програма е наменета за деца од 9 – 16 години. Таа се состои од фундаментални движења (чучњеви, скокање, склекови итн.) кои ја стимулираат основната потреба за вежбање и допринесуваат до правилен развиток на нивното тело.

Кросфитот е фитнес програма која е мимика на секојдневното живеење, со единствена цел да се зголеми психо-физичкиот капацитет на индивидуата. Голем број на истражувања покажуваат дека вежбањето е добро за когнитивни функции, што значи, со доследно почитување на програмата, може да има позитивно влијание на интелектуалните достигнувања на децата, значително подобрување на нивната состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on


Оваа програма е замислена да биде една голема забава за сите возрасти. Начинот на кој го спроведуваме методот за физичка активност, разновидноста на движењата во секој тренинг, развој и подобрување на сензомоториката, која е директно поврзана со општото психофизичко здравје и телесната маса кај децата.

Кросфит тренингот во Crossfit Skopje е ист за сите деца, едниствено се разликува по степен на интензитетот при вежбањето, но не и по видот на вежбите. Програмата е флексибилна за било која возраст или искуствено ниво и за деца со различен степен на созреаност.

Прегледи:
915
Објавено на:
05.09.2019