Пената за бричење е погодна и за многу други работи. Веројатно не сте знаеле дека можете да ја користите за многу работи во домот. Проверете ја нашата галерија и дознајте за што друго можете да ја користите.
Го спречува замаглувањето на огледалата во бањата
Нанесете мала количина пена за бричење во хартиена крпа и истријте ја целата површина на огледалото.
Оставете да се исуши. Огледалото нема да се замаглува додека се бањате.
Врата што крцка
Можете брзо да се ослободите од овој непријатен звук. Нанесете мала количина пена за бричење по должината на шарките и втријте ја во сите празнини. Избришете го вишокот со хартиена крпа.
Ќе ги отстрани дамките од вашите раце
Ако ви снема разредувач, а вашите раце се измачкани со боја, нанесете малку пена за бричење. Измијте ги рацете со сапун.
Ги чисти чешмите во бањата
Бигорот и другите нечистотии во бањата тешко се отстрануваат. Пред да преземете некои посилни мерки, обидете се со пена за бричење. Нанесете ја на целата валкана површина, избришете ја со мека крпа и на крај исполирајте. Нечистотијата ќе исчезне и ќе можете да уживате во чиста бања.
Ќе ги отстрани мрсните дамки
Пената за бричење може да го замени и отстранувачот за дамки. Нанесете ја пената за бричење на дамката. Нежно распоредете ја преку ткаенината и оставете ја некое време. Потоа, измијте ја пената со топла вода и исперете ја облеката како и обично. Нема да има ни трага од дамката.
Исчистете ја четката за коса
Четката за коса треба редовно да се чисти. За среќа, сè што треба да направите е да ја отстраните косата, да нанесете пена за бричење, да почекате 10 минути и убаво да ја исплакнете. Четката ќе биде чиста.