Ако и вие спаѓате во типот на интровертни луѓе, тогаш сигурно ја познавате вистинска цена на времето поминато сами со себе.
Имате тенденција да размислувате пред да зборувате, и повеќе сакате социјализација со една личност отколку со голема група на луѓе. Кога некој ви ѕвони на телефон сигурно е вашиот најголем кошмар, но во поголемиот дел од случаите вие сте навистина силна личност.
Може да биде тешко да преферирате да бидете сами во свет кој ја вреднува социјализацијата, но не сте сами во својата борба помеѓу друштвото со самите себе и останатите луѓе. Ви споделуваме исповеди од интровертите кои поминуваат низ истите нешта како и вас, само да ви дадеме до знаење дека не сте сами и дека сето тоа е нормално.
„Домот е онаму каде што е и интровертот“
„Мојата жена која е интроверт, поминува значително време и енергија во средување на домот да изгледа што поубаво за гостите кои никогаш не ги повикува да дојдат и не сака да ги види“
„Постои епизода од „Сексот и Градот“ во која Кери добива телефонски повик среде ноќ , и не само што одговара на повикот туку и станува и се облекува и излегува. Буквално никој не би го направил тоа!“
„Луѓето мислат дека доколку излезеш со некого морате да правите нешто. Јас сакам да поминувам време во домашна атмосфера облечен во комфортни алишта додека гледам серии и филмови, само кога и моите пријатели би го сакале истото.“
„Луѓето се секогаш толку изненадени кога ќе им откријам дека сум интроверт се додека не забележат дека веќе сум заминал од нивната забава.“
„Секогаш кога ќе врне, постои некој кој е тажен што неговите планови мораат да бидат одложени, додека некој друг е навистина среќен што ќе остане дома.“