Неколку мажи кои поголемиот дел од својот живот го поминале со сингл статус, откриваат зошто се плашат од врска но по се изгледа дека стравот не е главната причина.
Не се плашам од врска, само не сакам. Ја сакам својата слобода, сакам да работам и да знам дека никој нема да ме гњави со глупости. Сакам кога ќе си дојдам дома да знам дека немам обврски да се најдам со некого. Знам дека тоа не е долгорочно решение, но моментално така ми одговара најмногу. – 25 годишен испитаник
Поголемиот дел од девојките кои ги познавам се плашат да бидат сами и бараат било каков партнер. Мислам дека мажите едноставно не се такви. Нам ни е потребна сигурност која доаѓа со врската, нас ни е океј и кога сме сами. Јас моментално немам девојка, прекинав 6 годишна врска пред некое време. Сепак, не ми паѓа на памет да бидам со било која само за да не бидам сам. – 30 годишен испитаник
Моногамијата едноставно не ми оди од рака. Пробав и не успеав па ја изневерив својата девојка. Мислам дека е чесно од мене да се држам настрана од врските и преферирам само неозбилни ситуации. -40 годишен испитаник.