Жените најчесто се одлучуваат на брак со мажите кои се верни, искрени и посветени и се спремни на компромиси.
Но не сите ги имаат овие квалитети, а еве кои 5 типови на мажи не се пожелни за брак.
1. Маж кој ви го скршил срцето и не ви се извинил
Ако тој не е способен да ја признае грешката и ако знаете дека тоа би можело да се повтори, таков маж не ви е потребен во вашиот живот.
2. Неверен маж
Голема заблуда е дека мажот кој во врската бил неверен, наеднаш ќе се промени кога ќе стапи во брак. Па дури и тоа да биде така, на таквиот маж никогаш не ќе можете во потполност да му верувате.
3. Егоистичен маж
Во љубовта и бракот мораме да бидеме спремни на компромиси. Мажите кои се преокупирани со самите себеси во секоја ситуација не се способни да ги стават вашите потреби на прво место, и токму поради тоа не се добри брачни партнери.
4. Преварант
Мажот кој свесно изневерува некого како би дошол до лесна и брза заработка, па било тоа и некој кој заслужил не е особа на која можете да му верувате. Ако тоа не ви го направил и вам, никогаш не можете да знаете кога ќе бидете жртва на неговите дела.
5. Маж кој не знае да се носи со проблемите
Во брачните завети стои дел „во добро и во зло“, а тој не стои без причина. Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некој проблем нема да биде покрај вас кога ќе ви е најпотребен. Не ви треба сопруг на кој не ќе можете да се потприте!