Категории

Три хороскопски знаци за кои септември ќе биде многу тежок

Септември ќе им донесе многу проблеми на следниве знаци од Зодијакот..

Овие знаци во септември ќе треба да ја пронајдат својата внатрешна сила и да се борат за она што им е потребно. Па, ако се најдете на оваа листа бидете внимателни, бидејќи работите нема да одат онака како што сте замислиле. Меѓутоа, немојте да се грижите. Секој тежок период со себе носи нови лекции и ни ги отвора очите.

 

Во продолжение, ви ги откриваме знаците за кои септември нема да ги служи:

РАК

Првата половина од месецот нема да биде толку предизвикувачка како втората. Сонцето, Меркур и Венера малку ќе го вознемират вашиот четврти дом и вашите најдлабоки чувства, а тоа ќе трае целиот месец, така да, ќе се запрашате дали да и верувате на својата инуиција. Но, и понатаму морате да го следите својот внатрешен глас! Бидејќи, и ова ќе помине, затоа што вие знаете што ви треба.

 

СТРЕЛЕЦ

Овој месец ќе имате многу проблеми во вашиот професионален живот, но работите полека ќе се променат на подобро со почетокот на сезоната на Вага. Ќе бидете под влијание на комбинацијата на Јупитер и Нептун, затоа мора да научите како да бидете нежни со себе и да не бидете премногу самокритични.

 

РИБИ

Ова посебно се однесува на сезоната на Вагата, бидејќи Сонцето ќе ја активира вашата осма куќа на секс, интимни врски, споделени патувања и трансформации. Полната месечина исто така ќе влијае на вас, па затоа ќе бидете многу вознемирени од вообичаеното. Најдоброто нешто во овој период е да испитате и да откриете многу за тоа што навистина сакате.

Прегледи:
409
Објавено на:
08.09.2019