Вистинската љубов не може да се сокрие, ниту да се изглуми.
Мажите потешко ги искажуваат своите чувства кога станува збор за љубовта. На некои им е многу тешко да ги покажат своите емоции. На крајот на краиштата, правило во овој регион е дека вистинскиот маж мора да биде сериозен, мирен и без емоции.
Но ако тој навистина е заљубен во вас, овие 7 фрази ќе ги изговори сигурно.
Тоа ме потсети на тебе
Оваа фраза покажува дека вашиот партнер мисли на вас дури и кога не сте заедно.
Ви дава нежни прекари
На овој начин, посилниот пол се однесува само покрај жената покрај која се чувствува удобно, на која и верува и за која навистина се грижи. Ова е начин потполно да се зближите на емотивно ниво.
Дозволи ми да ти помогна
Со оваа изјава, тој сака да ви покаже дека тој секогаш е тука за вас и дека можете да се потпрете на него.
Ми недостигаш
Кога ова ќе го изјави, тој ги признава своите длабоки чувства кон вас. Сепак, важно е во кои ситуации ќе ви го каже ова. Ако е единствено кога тој е осамен или му е досадно, тогаш тоа не е љубов, но ако добиете таква порака од него кога е на службено патување или кога излегува со пријателите, тогаш тоа значи дека навистина му значите.
Преубава си
Ако постојано ви дели комплименти и се обидува да ве натера да се чувствувате како најубава жена на светот, верувајте дека е во прашање вистинска љубов.
Загрижен сум
Мажот ќе го интересираат и вашите проблеми само доколку навистина се грижи за вас. Ако тој е секогаш тука кога ви е тешко и сака да знае сè што ве мачи, тој е вистинскиот.
Те сакам
Најочигледната фраза, но ја содржи целата храброст и отвореност. Ова исто така покажува желба да биде потполно искрен со вас.