Доколку не знаете што да подготвите за ручек или за вечера, имаме совршен рецепт за вас.
Направете ќофтиња со тиквички и видете како маскарпоне сирење може да го подобри вкусот на прекрасен начин.
За 8 порции ви е потребно:
- 3 тиквички
- 2 јајца
- 4 лажици грчки јогурт
- 2-3 лажици брашно
- сецкан кромид
- 1-2 чешниња од лук
- 2-3 лажици масло
- Маскарпон
- сок од лимон
- сол
- бибер
Измијте ги тиквичките, излупете ги и отсечете ги врвовите. Изрендајте ги и добро исцедете ги. Ренданите тиквички измешајте ги со јајцата, 2 лажици јогурт, брашното и една лажица кромид. Зачинете по вкус со бибер и лук.
Загрејте го маслото добро. Направете ќофтиња и испржете ги од двете страни. Исцедете ги од вишок масло. Измешајте го маскарпонот со остатокот од јогуртот. Зачинете по вкус со сол и бибер. Наредете ги ќофтињата на чинија. Гарнирајте со крем сирење и кора од лимон.
Како додаток на тиквичките, крем сирењето исто така ќе биде совршено. Ќофтињата може да се подготват не само од тиквички, туку и од ситно мелен компир, на пр. со додавање на рендан морков и кромид.