Десерт кој е лесен за правење, а уште полесен за јадење!
Состојки:
- 200 гр овесни снегулки
- 220гр брашно
- 300гр кафеав шеќер
- 1 лажица сода бикарбона
- ¼ мала лажица сол
- 250мл стопен путер
- 2 + ½ чаши чоколадни трошки
- 50 меки карамел бонбони
- 120мл слатка павлака
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Во поголем сад измешајте ги овесните снегулки, кафеавиот шеќер, содата бикарбона, солта и стопениот путер. Убаво измешајте додека не се добие изедначена смеса.
Во помал сад за печење ставете хартија за печење и намачкајте ја со масло, истурете половина од смесата и убаво распоредете ја.
Посипете преку смесата чоколадни трошки. Сочувајте дел од нив за украсување.
Во поголем сад истурете ја карамелата и слатката павлака и варете додека карамелот не се растопи целосно. Истурете го карамел сосот преку кората во тавата за печење, а потоа врз неа другата половина од смесата од овесните снегулки.
Декорирајте со чоколадни трошки. Ставете сè во рерна и печете 20-25 минути или додека кората не добие златна боја. Почекајте десертот да се олади целосно, а потоа исечете го на коцки.