Категории

Овие намирници никогаш не треба да ги консумирате за појадок

Потрудете се следните намирници да ги исфрлите од своите утрински рутини почнувајќи уште од утре:

1. Сланина – Содржи голем процент заситени масти и холестерол и честопати процесуирани нитрати од кои може да се јави главоболка.

2. Пецива со сирење или путер – Празни јаглехидрати со многу мала нутритивна вредност како влакна, протеини, житарици итн.

3. Енергетски плочки– Кога зборуваме за шеќерот и калориите, концумацијата на енергетските плочки е еднаква со појадувањето чоколадо.

4. Чоколадни намази – Не содржат нутритивна вредност.

5. Сок од портокал – Во овој случај мислиме на готовите сокови во тетрапак кои се полни со конзерванси и преработен шеќер.

6. Житарици – Житариците без влакна и протеини се уште еден извор на празни калории, а поради додатокот на шеќер го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и многу бргу повторно ќе почувствувате глад.

7. Крофни – Еден од најлошите можни избори за појадок: чисти јаглехидрати + шеќер+длабоко пржење = крофна.

8. Кафе за носење – Додатоците на “fancy” кафињата како шлаг, чоколаден прелив и сируп со вкус го претвораат утринското кафе во калориска бомба.

9. Палачинки – Палачинките од бело брашно, путер и шеќер го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и многу бргу чувствувате глад – што значи дека не се никаква опција за појадок.

10. Леб – Истото важи како и за мафините и другите пекарски производи, ако не знаете што е точно во нив – обидете се да ги избегнете.

11. Мафини – Многу ретко ќе пронајдете здрави мафини освен ако не сте ги направиле сами.

12. Вафли – Вафлите немаат никаква нутритивна вредност. Ако ги правите сами користете здрави житарици и избегнувајте шеќер кој инаку им е главната состојка.

Прегледи:
477
Објавено на:
13.09.2019