Категории

Зошто луѓето лажат? Ова е вистината за лагата!

Едноставно не постои личност која никогаш не излажала, ниту пак постои онаа која не била излажана од некого. Лагите и лажните ветувања повеќе никого не изненадуваат. Лагата е составен дел од нашиот живот, сосема „природна“ состојка од нашето секојдневие.

Но, зошто?

Одговорот е многу едноставен. Лагата има функција да заштити. Кога свесно лажеме всушност се обидуваме да направиме една од следните работи: да го заштитиме своето его, да ја промениме или заштитиме сликата која другите ја имаат за нас, да ја подобриме или заштитиме материјалната состојба, како и да ги заштитиме чувствата на драга личност.

Во секој случај, кога лажеме мислиме дека се штитиме себеси или другите. А вистината, секако, не може да биде многу далеку од тоа.

Најбезболни лаги се оние кои се потполно безопасни и за едната и за другата страна. Лаги од видот „убава ти е фризурата“ кога фризурата не е воопшто убава. Или „не си се здебелила“ кога вистината е спротивна, или „не ја оставив подигната даската на вц шолјата“ кога знаете дека сте ја оставиле и слично.

Тоа се ситници кога не сакаме да ги повредиме туѓите чувства кажувајќи ја вистината, да им го расипеме расположението, кога не сакаме да патат ако може да го спречиме тоа. Овде единствениот ризик е да ја изгубите довербата на драга личност.

Она што може да повреди малку повеќе се лагите кои ги изговараме кога сакаме да создадеме подобра слика за себе. Овие лаги содржат страв од осуда, страв од губење на почитта, губиток на нечија љубов или страв од казна (најчесто кај децата).

Опасностаа кај ваквите лаги е што лесно преминуваат во навика, како и што тешко е да се води евиденција што кому сме кажале и која маска пред кого треба да ја ставиме. Личностите кои кажуваат вакви лаги најчесто се многу несигурни во себе и имаат исклучително ниско ниво на самопочитување.

Кога доаѓаат на виделина овие лаги предизвикуваат болка и од едната и од другата страна. Оној кој лажел, завршува отфрлен, а оној кој е жртва е повреден, предаден, изневерен, а понекогаш дури и малку глупав и слеп.

Додека ја лаже другата страна, оваа личност навистина верува дека сѐ ќе помине во најдобар ред, дека никогаш нема да биде фатена, дека е попаметна од сите други и дека со ваквото однесување може да ја пронајде среќата. Некои лажговци дури и имаат грижа на совест, но сепак не се во состојба да го прекинат ланецот на лаги, а некои дури и се насладуваат кога ќе помислат колкава болка и зло нанеле на другата страна.

И на крај, немојте никогаш да заборавите дека нивното лошо однесување кон вас, всушност нема никаква врска со вас. Не се чувствувајте виновни или одговорни. Ако е лажгото добар, ништо не сте можеле да направите да го спречите во неговите лаги. А за жал, „професионалци“ во лажењето има и премногу.

Прегледи:
1375
Објавено на:
17.09.2019