Категории

Совети за здравје и долговечност од Баба Ванѓа

Таа длабоко верувала дека најважен е балансот во телото кој мораме да го постигнеме сами и со она што ни е дадено од земјата..

Слепата пророчица Баба Ванѓа е родена во Македонија во 1911 година, го предвидела почетокот на Втората светска војна, потонатата руска нуклеарна подморница Курс, па и рушењето на кулите Близначки во Њујорк.
Предвидела се покрај бројни светски случувања, освен датумот на својата смрт 11 август 1996 година. Но и покрај предвидувањата за иднината, таа собирала билки и од нив правела лековити напивки.
„Се што ни е потребно за лечење е околу нас, во нашиот видик, природата ни дала се!“ – велела Баба Ванѓа.
Исцелителката не била против лекарите и стандардната медицина, освен во овој случај. Сепак, често предупредувала дека синтетичките лекови се лоши и опасни.
„Затвораат врата преку која природата во телото ја воспоставува рамнотежата“

Ова се нејзините правила за долг и среќен живот:

-Водетесе и тежнејте кон добри мисли и дела, тоа е најдобриот лек за се.
-Во лечењето со билките, ако не е поинаку одредено, најпрво поливајте се со водата во која се вареле билките затоа што нивното лековито дејство најбрзо продира преку кожата.
-Претераното користење на лекови е штетно затоа што лековите ја затвораат вратата преку која треба да се пушти природата да влезе во болниот човек.
-Во текот на летото, одете боси, да не ја прекините поврзаноста со земјата
-Во лето, оставете ги децата да играат секаде – нека се валкаат, нека трчаат. На тој начин ќе се заштитат од болести кога ќе дојде зимата.
-Пред да си легнете, измијте го телото со топла вода. Така не само што ќе ја отстраните нечистотијата, туку и негативните мисли кои ви го одземаат сонот.
-Денот е наменет за работа, а ноќта за сон. Внимавајте да спиете квалитетно. Легнувајте си околу 22h и станувајте помеѓу 5 и 6h.
-Пијте многу вода, водата го чисти организмот.
-Движете се што повеќе. Мрзливоста е болест не само физичка туку и психичка.
-Користете домашни сапуни и природни сретства кои не му штетат на организмот.
-Пред се, учете на трпение!