Не постои љубов посилна од онаа помеѓу родителот и детето. Врската помеѓу синот и таткото е нераскинлива и вечна. Секој татко треба да запомни дека еден ден неговиот син ќе го следи неговиот пример, а не неговите совети.
Статуата на синот која е создадена од парчиња кои се отстранети од статуата на таткото, со себе носи моќна порака. Таа ја претставува жртвата која секој татко е подготвен да ја направи за своето дете, да му помогне во градењето на неговиот живот, а истовремено нѐ потсетува дека детето учи од нас, зема од нашите навики, особини и на тој начин се формира како личност.
Затоа, секогаш ценети ги вашите родители и бидете свесни за сите жртвувања кои ги прават за вас низ животот. А родителите, никогаш да не забораваат да бидат одличен пример за своите деца во секоја ситуација.