Секој од нас старее на различен начин. На тоа влијае темпераментот, карактерните особини, силните и слабите страни. Но, постојат некои општи тенденции, кои одредуваат ист вид на однесување на хороскопските знаци.
Прочитајте како старее вашиот хороскопски знак и знаците на вашите пријатели и забавувајте се!
Овен
Овните ги игнорираат своите години, живеат во дадениот момент, ведри се и млади до крајот на животот. Во 60-тите години од животот носат „кожна јакна“ и покажуваат толку многу енергија, на која можат да им позавидат и некои дваесет годишни.
Бик
Биковите сакаат да јадат малку повеќе, па затоа со годините може да добијат вишок килограми. Не се силни ни физички, ни психички, но се оздржливи и живеат долго.
Близнаци
Близнаците уште во младоста си задаваат цели и доаѓаат до нив. Дури и во подоцнежните години продолжуваат да работат, да напредуваат и да се развиваат.
Рак
Раковите се делат на два типа: оној кој никогаш не старее и оној кој во староста потсетува на мајка Тереза. Бараат почитување, стануваат вистински баби и дедовци.
Лав
Лавовите се сталожени и снаодливи. Во староста се веќе искусни луѓе, спокојни се, сакаат да бидат авторитет и пример на многумина.
Девица
Девиците почнуваат негативно да го прифаќаат светот околу себе со годините. Критични се, настојуваат да останат во форма, се грижат за здравјето, се трудат да бидат совршени во секој аспект. Во староста се строги, паметни, негувани дами и господа.
Вага
Вагите се грижат за својот изглед, се подмладуваат и си замислуваат дека изгледаат помлади отколку што се.
Шкорпија
Шкорпиите се важни и угледни. Мислат за себе дека се филозофи, дека се мудри, но премногу се сконцентрирани на своите цели и убедувања. Тврдоглави се и наметливи.
Стрелец
Стрелците се трудат да не ја забележуваат староста и очекуваат комплименти за изгледот. Привлечноста и сексапилот го задржуваат и во староста.
Јарец
Јарецот се раѓа како “мал старец“, мудар и сериозен, одговорен и спокоен. А потоа со годините станува весел и детинест.
Водолија
Водолиите се најчесто посериозни. Со годините можат да станат ексцентрични, не се грижат за мислењето на другите и непредвидливи се.
Риби
Рибите многу се плашат од староста, затоа секогаш подвлекуваат црта да видат каков е билансот, ги сумираат резултатите. Поради преголемата грижа некогаш живеат пократко отколку што би требало да живеат.