Категории

Како да го откриете прељубникот на време – Дали вашиот партнер планира да ве изневери?

Личностите кои преферираат таканаречени отворени врски од партнерот не очекуваат верност. Меѓутоа, за сите останати, верноста е прва на листата на приоритети кога се во прашање љубовните односи, поготово оние кои веќе се сретнале со прељубата.

Сите би сакале да знаеме дали е возможно да ја предвидиме прељубата на партнерот и дали тоа може да се сличи, научниците од универзитетот во Квебек, предводени од еминентни психолози открија кои се факторите кои укажуваат на голема веројатност за неверство.

1.Повлекување
Особите кои уште на првиот знак на проблемите во врската се повлекуваат во себе, одбиваат да разговараат за она што ги мачи и се оддалечуваат од партнерот се посклони кон изневерување од особите кои одма сакаат да ги решат несогласиците. Наместо отворено да се расправаат, тие ќе ги „проголтаат“ своите вистински чувства, се изолираат од партнерот и утехата ја пронаоѓаат во друга личност.

2.Ставот за моногамија
Понекогаш нештата се очигледни, но едноставно не сакаме да ги видиме. Од партнерот кој не бил во моногамни врски и отворено го признава тоа, во главно не можеме да очекуваме верност. Тогаш треба да бидеме свесни за тоа кога влегуваме во врска со некој кој не верува во монгамија и преданост на една особа. Често мислиме дека можеме да ја промениме таа особа со која сме во врска или мислиме дека таа сама ќе се промени поради љубовта спрема нас, но потезите на прељубниците се длабоко вкоренети во нивните ставови и чувства, и голема е веројатноста дека до посакуваната промена нема никогаш да дојде.

Како мотив за невера, прељубнивците од испитувањето навеле бројни причини, а меѓу најчестите биле големата физичка привлечност спрема друга личност и потребата за подигнување на самодовербата. Многу машки испитаници признале дека нивната невера е резултат на верувањето дека „вистинските“ мажи мораат да имаат многу партнерки.

Прегледи:
509
Објавено на:
27.09.2019