Категории

Амал Клуни прекрасна на интимната прослава во повод 5-тата годишнина од бракот со Џорџ Клуни

Парот ја прослави годишнината, но она за што се зборува не е прославата туку нивните стајлинзи

Џорџ Клуни и Амал ја прославија својата 5-та годишнина од бракот со романтична вечера во елитен ресторан во Њујорк во друштво на приајтелите Синдри Крафорд и нејзиниот сопруг Ранди Гербер.

Холивудскиот актер и убавата адвокатка не ја тргнуваа насмевката од своите лица, а папараците ги сликаа додека излегуваа од својот дом во Њујорк, држејќи се за раце.
За оваа посебна прилика Амал носеше елегантни црни кожени панталони со висок струк и нежен бел чипкан топ. Беспрекорниот стајлинг го потполни со црни салонки и плик ташна.
Актерот се одлучи за малку по лежерен стајлинг кој не парираше на Амал, во фармерки и темна кошула на кратки ракави. А стајлингот го заокружи со беж чевли.

Прегледи:
573
Објавено на:
02.10.2019