Категории

Жените ја обожаваат: Маска од смокви за чиста кожа!

Смоквата е неизоставна од козметичката индустрија, затоа што е богата со витамин Ц и Б, како и мноштво минерали
Омиленото овошје на кралицата Клеопатра – смоквата, денес е неизоставна во козметичката индустрија, затоа што е богата со витамин Ц и Б, како и мноштво минерали. Содржи супстанции кои помагаат во чистењето и отстранувањето на мртвите клетки од кожата. За да направите домашна маска од смоква, потребно ви е само едно парче од оваа овошка.

 

Како да ја подготвите маската:
Исечета зрела смоква на пола, па отстранете ја нејзината внатрешност во сад. Сочната маса изгмечете ја со вилушка додека не добиете мазна смеса. Маската е спремна за употреба.
Ставете на претходно исчистено лице и оставете ја да делува 5 минути. Измијте го лицето прво со топла па потоа со ладна вода. После тоа нанесете хидратантна крема. Овој третман се препорачува 2 пати неделно.

Прегледи:
582
Објавено на:
02.10.2019