Категории

Ким Унг Јонг, човекот со највисок коефициент на интелигенција објаснува што е најважно во животот

Кој вели дека повеќе не постојат генијалци? Секојдневно сме сведоци на луѓе кои успеваат да совладаат неверојатни задачи уште од најрана возраст.

Градежниот инженер од Јужна Кореја, Ким Унг-Јонг, е еден од нив. Неговиот висок коефициент на  интелигенција бил очигледен уште од најрана возраст. Всушност, во Гинисовата книга на светски рекорди е наведен под категоријата „Највисок коефициент на интелигенција“. Без разлика на тоа, Ким сака да му посочи на светот дека високиот коефициент на интелигенција не носи среќа сам по себе и има и други работи што навистина се важни во животот.

Роден на 8. март 1962. година, Ким започнал да зборува уште на шест месеци, а разбирал алгебра на осум месеци. Кога наполнил две години, зборувал течно четири јазици: Јапонски, Корејски, Англиски и Германски. Веќе на три годишна возраст, научил и други јазици.

Образованието го започнал на 4 години, а дипломирал на 15. Неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 210 кога имал само две години!

Високиот коефициент не е секогаш подарок. Ким Унг Јонг пропуштил многу нешта од секојдневието кои ги искусуваат обичните деца. Тој потенцира дека животот без луѓето околу тебе е живот без цел.

Тој во една прилика изјавил:

„Луѓето секогаш се обидуваат да бидат посебни запоставувајќи ја својата секојдневна среќа. Но, треба да знаат дека среќата подразбира обични нешта кои не ги сфаќаме сериозно, како што се негувањето на пријателството, споделувањето значајни моменти со пријателите на училиште… Јас не можев да ги имам овие работи, дури и да сакав. Затоа, знам дека ова што го набројав е многу важно.“

Неговата порака е едноставна и јасна:

„Да бидеш посебен не е толку важно, колку живеењето обичен, секојдневен живот.“