Категории

Разделбата со пријатели боли исто како и прекинот на љубовната врска

Разделбите се дел од животот. Многу луѓе ги искусиле еднаш или повеќе пати.

„Имав две врски во животот, првото раскинување не беше воопшто лесно макар што сама го иницирав. Преживеав благодарение на своите приајтели и семејството кои ме слушаа кога плачев и ме држеа кога паѓав.
Сепак неодамна се разделив од својата пријателка. Тоа беше шок, затоа што мислев дека засекогаш ќе биде во мојот живот.
Таа ги знаеше сите мои тајни и беше најблиската личност во мојот живот. Ја сакав и за неа бев спремна да направам се. Сепак, кога се разболев и не можев да излегувам се се промени. Од почеток не забележував, но кога сфатив дека не можам да го признаам тоа, открив дека повеќе не сме пријателки.
Таа не е прва која ја изгубив и веројатно нема да биде последна. Не сум сигурно единствената личност во оваа ситуација.
И покрај тоа што со неа бев пријателка многу подолго отколку што бев во врска, луѓето не разбираат колку боли кога ќе изгубиш пријател.

Зошто разделбата со пријателот е поинаква?
Постојат луѓе за кои би направила се, воопшто не се разликуваат од тоа што би го направила за мојот сопруг.
Некој можеш да го засакаш за неколку месеци многу повеќе отколку некој за цел живот. Љубовта не би требала да се мери со деновите или годините, туку само со чувствата. Поради тоа сметам дека разделбата со пријателката може да биде подеднакво тешка како и со било кој близок и драг.“

Прегледи:
973
Објавено на:
04.10.2019