Категории

Силните мајки одгледуваат силни ќерки… Еве и зошто!

Врската помеѓу мајката и ќерката е неверојатно силна и претставува основен дел во градењето и созревањето на секоја жена.

Влијанието на силната независна жена врз малото дете најчесто резултира со силна ќерка и многу истражувања потврдуваат дека најголемиот знак за идниот успех на девојчето е силна мајка во нејзиниот живот.

Преку начинот на кој мајката живее, се однесува и зборува, дава пример за своите ќерки како да се однесуваат. Силната мајка ја учи својата ќерка да не биде зависна од никого, да биде самоуверена, да верува дека може да го освои светот.

Овие жени исто така ги учат своите деца да имаат став, да го искажат своето мислење и да преживеат во суровиот свет.

Независните жени знаат колку вредат и ја знаат моќта на вистинската љубов, па затоа тие девојки се научени да ги избегнуваат токсичните врски и сами да одлучуваат кого ќе пуштат близу до себе.

Силната мајка се почитува себеси, не толерира понижување и никогаш не се плаши да го каже своето мислење. Поради тоа, силните ќерки учат да имаат став, да работат напорно и да ги достигнат своите цели, знаејќи дека патот никогаш не е праволиниски. На овие девојки нивната мајка им ставила до знаење дека плачењето не е знак на слабост, но декаа треба да станат секогаш кога ќе паднат и да продолжат напред.

Независните жени им ја покажуваат на своите деца моќта на простувањето, ги советуваат да бидат љубезни, но да толерираат само до одредена граница.

Доколку сте доволно среќни да имате силна мајка, знаете дека токму таа ве научила колку сте вредни и важни и дека треба да имате високи критериуми.

Ти си посебна и заслужуваш нешто посебно. Никогаш не избрзувај, почекај да помине време. Силните ќерки знаат дека нивните мајки ги поддржуваат и дека ги поддржуваат нивните соништа.

Силната мајка е најдобрата пријателка на својата ќерка, таа е нејзиниот најдобар слушател, секогаш подготвена да ја советува и да и помогне. Овие жени се пример за своите ќерки кои еден ден исто така ќе прераснат во силни жени.