Категории

Не враќај се на оној кој веќе еднаш те оставил

Имај почит кон себеси. Немој да се враќаш на личноста кој побегнала од твојата љубов.

Немој да и се враќаш на личноста која се завртела и те оставила сама, ранлива додека си ја молела да остане. Немој да се враќаш на таа личност која дала ветувања и никогаш не ги исполнила. Заслужуваш некој кој никогаш ни во сон нема да помисли да те остави. Заслужуваш љубов во која ќе бидеш сигурна дека си заштитена од страдање и болка.
Заслужуваш некој кој не би сакал да види нити една солза на твоето лице поради нешто кое нправил.
Ако те моли да му се вратиш и ти ветува дека се ќе биде поинаку, и ти кажува се што сакаш да слушнеш, не верувај му. Тој веќе покажа каква личност е кога прв пат те остави. Веќе ти покажа што чувствува спрема тебе кога толку лесно се заври и ти рече збогум.
Не се враќај на таа лажна надеж. Немој да му се враќаш на лагите и лажните ветувања. Немј да се вратиш повторно на стравот и игрите. Ти заслужуваш подобро од тоа. Можеби ќе поверуваш дека се променил, дека првиот пат погрешил што заминал, но собери храброст и прво мисли на себе и своите чувства.

После некое време ќе видиш дека си ја направила најдобрата работа, затоа што си рекла НЕ!

Прегледи:
552
Објавено на:
19.10.2019