Експертите истакнуваат дека во првите неколку секунди по запознавањето можете добро да ја процените некоја личност – еве како!
Експертите велат дека во првите неколку секунди по средбата можете да направите реална проценка на личноста пред вас, а еве како:
Дали може да верувате на некој, се одлучува во рок од една десетина од секундата, покажаа истражувањата од Принстон. Истражувачите им дадоа на група студенти 100 милисекунди за да отценат привлечност, симпатија, сигурност, компетентност и агресивност на лицата на актерите.
За истата активност, на друга група му било дадено повеќе време. Од сите карактерни црти единствено за сигурноста и двете групи се изјасниле во истиот момент без размислување.
Машката сексуална ориентација се „чита“ за помалку од една секунда, односно за онолку време колку е потребно за свесно да се препознае нечие лице. Британското истражување помина чекор понатаму во заклучокот дека жената со видлива тетоважа се смета за помалку привлечна, промискуитетна.
Ние проценуваме не само како изгледа некој, туку и како се движи. Луѓето со поопуштено одење се сметаат за поотворени и склони кон авантура, додека отсечното движење укажува на невротизам, велат истражувачите од универзитетот Дурам.
Мартин М. | Среќа.мк