Категории

На жените им е потребен повеќе сон отколку на мажите бидејќи повеќе го користат мозокот

Резултатите од истражувањата во кои учествувале 210 мажи и жени покажале дека на жените им е потребен повеќе сон отколку на мажите, како и дека жените поради недостаток на сон се соочуваат со повеќе здравствени проблеми.

„Откривме дека лошото спиење кај жените силно е поврзано со високото ниво на психичката болка, депресија и лутина. Од друга страна, тие емоции не биле поврзани со истиот степен на пореметување на сонот кај мажите“, наведуваат истражувачите.

Џим Хорн, водечки британски стручњак за истражување на спиењето, вели дека една од главните функции на сонот е овозможување на мозокот да се опорави и поправи.

„Во текот на длабокиот сон кортекс, дел од мозокот кој помеѓу останатото е одговорен и за помнењето, се одвојува од сетилата и на тој начин се опоравува. Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку поголема количина на сон ви е потребна за опоравување“, објаснува тој.

Жените најчесто работат повеќе задачи и затоа го користат мозокот повеќе од мажите.

„Поради тоа имаат поголема потреба за спиење“, заклучува тој.

Истакнал дека во просек жените спијат 20 минути повеќе од мажите.

Прегледи:
730
Објавено на:
08.10.2019