Дали ќе бидеме среќни или несреќни зависи од самите нас и нашите сфаќања.
1. Помири се со своето минато – за да не ја вознемирува твојата сегашност.
2. Што мислат другите за тебе – не е твој проблем.
3. Времето лечи речиси сѐ – дај му шанса.
4. Не го споредувај својот живот со животот на другите и не ги осудувај – немаш никаква претстава каков е нивниот пат.
5. Престани да размислуваш премногу – потполно е нормално да не ги знаеш сите одговори, а ќе ги дознаеш кога најмалку ќе се надеваш.
6. Никој не е задолжен за твојата среќа – освен ти самиот.
7. Насмеј се – не се сите проблеми на светот твои. Позитивното размислување е од пресудно значење за среќниот, исполнет живот.
Човекот кој е незадоволен со себе по правило е незадоволен и со својот живот. Затоа, за да бидете среќни, мора да научите да сакате и да се вреднувате себеси. За да ги победите комплексите и да ја промените лошата слика за себе, направете го следното: Сами или со помош на стручно лице пронајдете ја причината за негативно доживување на самите себе. – Утврдите дали има реална основа да се чувствувате лошо. Ако има, почнете да го менувате она што ви пречи.