Категории

Создава брчки, ја суши кожата и тоа не е сѐ: Како АЛКОХОЛОТ влијае на физичкиот изглед

Алкохолните пијалаци му штетат на вашиот црн дроб, но и на вашата кожа и изглед

Стручњаците опоменуваат да внимавате со алкохолот затоа што тој може да предизвика темни кругови и кеси под очите, создавање на брчки а севкупно ја прави кожата сува, успукана па дури и пегава. Штетно влијае на косата која станува сува, кршлива, а неретко предизвикува и нејзино опаѓање.

Слаба коса
Алкохолот е диуретик што значи дека ја зголемува вашата потреба за уринирање после што организмот брзо дехидрира. Се тоа доведува до слабеење на јачината на влакното и ги уништува неговите фоликули.

Темни кругови под очите и кеси
Спиењето е важно затоа што му овозможува на нашето тело да ја залечи и поправи евентуалната штета која настанала во текот на денот. Алкохолот влијае врз квалитетот на сонот, а лошиот сон предизвикува создавање на темни кеси и кругови под очите.

Сува испукана кожа
Алкохолот го дехидрира нашето тело па така и кожата. Конкретно, прекумерната количина на овој пијалак доведува до губење на неопходните витамини и хранливи состојки и со тоа кожата почнува да станува сува и испукана.

Брчки
Шеќерот во алкохолот може да предизвика создавање на брчки на челото, фини линии под очите, „слаткаст“ поглед, акни, истенчување на кожата и проретчување на веѓите.
Еден од причините за ова е размената на балансот на добрите и лошите бактерии во цревата, а предизвикува и лачење инсулин. Се ова за последица има појачано создавање на брчки.

Прегледи:
740
Објавено на:
09.10.2019