Анџелина Џоли деновиве активно го промовира својот најнов филм „Maleficient – Mistress of Evil“ а ние будно го следиме секој настан во исчекување со каков стајлинг ќе не почести следно, и секогаш успева да не воодушеви повеќе од претходно.
На Лондонската премиера, Анџелина се појави во божествено издание во креација на нејзината омилена луксузна модна куќа – Ralph and Russo.
Додека на филмското платно таа ја отелотворува злобницата Злорада, на црвениот тепих изгледа како вистинска кралица.
Таа се појави на премиерата во присуство на своите деца – Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.
Оскаровката позираше заедно и со нејзината колешка Ел Фенинг која ја игра улогата на принцезата Аурора.