Постојат голем број на фитнес апликации кои можат да ви помогнат подобро да го организирате тренингот, да го регулирате внесот на калории, но што е најважно, секој ден ќе ве потсетуваат кога е време за вежбање.
Наместо да го губиме времето на социјалните мрежи, нели би било попаметно телефонот да го користиме за да го подобриме нашето здравје.
Денес избравме некои навистина добри фитнес апликации за вас кои ќе ви помогнат редовно и ефективно да вежбате секој ден.
Freeletics
Оваа апликација е особено добра за почетници. Важно е да се знае дека поголемиот дел од тренинзите во оваа апликација се со висок интензитет, затоа првично мора да ги прилагодите вежбите со физичката кондиција, затоа што, уште првиот ден нема да имате сила да го следите онлајн инструкторот, во бројот на серии и повторувања.
My fitness pal
Ова е апликација која го следи вашиот внес на калории, што е исто така една од најважните работи за обликување на телото. Оваа апликација работи според принципот на дневник, во кој внесувате сè што сте јаделе денес. На овој начин можете да водите сметка за правилниот внес на калории во текот на денот и да го испланирате тренингот според тоа колку калории треба да потрошите како би имало најдобар ефект.
Nike run club
Апликацијата, која сите не потсетува колку е важно движењето, го мери секое наше движење во текот на денот. Покрај тоа, оваа апликација секојдневно ви спрема нова мотивациска порака, како би биле мотивирани, од ден на ден да сè движите се повеќе и повеќе.