Категории

Мек колач со тиква: Единствениот колач кој се препорачува за деца!

Есента со злато ја обои природата, но златната боја ја донесе и во нашите чинии и тоа во форма на тиква

Се сеќавам на оние денови кога одев кај баба ми на село: есента секогаш мирисаше на печена тиква … Додека на  стариот шпорет се приготвуваше сармата, таа во рерната секогаш печеше златна и сочна тиква …

Со малку мед и цимет, ова беше најубавиот колач на светот.

Денес ви предлагаме да направите еден прекрасен колач со тиква:

Состојки:

  • 200 гр рендана тиква
  • 250 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 1 јајце
  • 200 мл млеко
  • 150 гр пченичен гриз
  • 50 гр мелени ореви
  • 1 лажичка цимет
  • 3 лажици меко брашно
  • 1 кесичка пециво

За прелив:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 4 лажици шеќер
  • 100 мл млеко
  • 1 лажичка путер

Подготовка:

Изматете едно јајце со масло, додадете млеко и шеќер и матете додека не се соединат убаво. Потоа додајте ја ренданата тиква, оревите, гризот, циметот, брашното и прашокот за пециво. Убаво измешајте.

Печете околу 35 минути на 2000С.

Пред крајот на печењето подгответе го преливот. Во тенџере растопете го млекото со шеќерот, чоколадото и путерот. Топлиот прелив прелијте го преку топлиот испечен колач. Оставете го колачот да се излади и да го упие прливот, а потоа исечете го на коцки.

Прегледи:
1411
Објавено на:
12.10.2019