Категории

Како и неуспехот да оди во ваша корист?

Зборот неуспех најчесто се интерпретира многу погрешно. Ако сте доживеале неуспех, не значи дека не сте успеале. Неуспехот значи дека не сте искористиле одредена ситуација, но дека сте добиле прилика да научите нешто ново на патот до успехот.

Никој не успева од првиот обид. Секој успех е испреплетена мрежа од ситуации кои таа особа не ги очекувала, ситуации кои не се случиле на одреден начин и ситуации кои требало да бидат поинакви.
Вашата работа е да работите многу и паметно, да се прилагодувате на промени и ситуациите, успат да учите од своите грешки и да го претворите неуспехот во едно скалило кое ќе ве однеди еден чекор поблиску до успехот. Најголемата разлика помеѓу неуспешните и успешните луѓе не е во тоа колку често доживуваат неуспех, туку колку пати се обидуваат. Успешните луѓе стануваат и стануваат, секој пат одново, искушувајќи нови опции и тактики додека не ја пронајдат онаа вистинската која функционира.

Да го земеме за пример познатиот пронаоѓач Томас Едисон. Додека се обидувал да направи сијалица, доживеал 1000 неуспеси. Поголемиот дел од луѓето ми се откажале после првиот обид, можеби би се обиделе сто пати, но тој продолжил да се обидува се доека не супеал. Тоа била неговата философија, верувал дека човечкиот мозок е способен за се, ако се сконцентрирате на тоа и го правите доволно долго. Ако сте посветени на нешто и се трудите доволно на крајот ќе успеете.
1000 обиди (неуспеси) не значеле дека тој неуспеал, туку дека од секој неуспех научил нешто ново и го применил за на крајот да успее.

Како неуспехот да го претворите во успех?
-Учете од своите грешки
-Верувајте во себеси
-Стално преиспитувајте ја својата ситуација
-Обидувајте се одново

Најважната лекција која морате да ја совладате е да не се откажувате. Ако е нешто во склад со вашата крајна цел тогаш не е битно колку пати не сте успеале, ќе се рачуна само тоа кога прв пат сте успеале. Успехот е конечен, а неуспехот дава прилика за поправка и повторен обид.

Прегледи:
509
Објавено на:
13.10.2019