Категории

Како до среќна врска – малите тајни на големите љубови

Во врската треба да постои компромис. За љубовта да опстои морате секој ден да се трудите и да му покажувате внимание на партнерот.

Во здравите врски, партнерите не чекаат посебна прилика за да ја покажат својата благодарност, љубов и наклонетост, едноставно уживаат правејќи убави нешта еден за друг без некоја посебна причина. Ова се некои од нештата кои тие редовно ги прават еден за друг.

Активно комуницираат
Луѓето кои се во здрави, среќни и успешни врски навистина слушаат што имаат да им кажат нивните партнери. Слушаат за што се жалат, што ги онерасположува, но слушаат и небитни нешта кои другата страна ги зборува. Освен тоа, знаат дека можат да се потпрат на поддршката на својот партнер било кога.

Делат комплименти
Тоа не мора да биде љубезен комплимент од топот дека сте најдобрата жена на светот, може да е попатен комплимент кој дава значење за тоа дека „ручекот е одличен“ имаат големо значење во меѓусебниот однос, вели Саманта Родмант, психолог и стручњак за врски.

Не ги кријат емоциите
Кога еден од партнери се чувствува дека треба да извлекува мисли и емоции од другиот, таквиот однос може да биде многу отуѓен, смета психологот. Разговорт за сопствените емоции е клучен за среќна врска.

Не забораваат на „те сакам“
Среќните парови тоа го прават без размислување, без посебна причина, и тогаш кога од нив воопшто не се очекува. Во многу односи „те сакам“ доаѓа повеќе од едниот партнер отколку од другиот. Типично, едниот води а другиот следи. Во здравите односи, двата партнери го иницираат тоа зборувајќи што навистина мислат кога го кажуваат. Објасни Курт Смит, брачен терапевт.

Прегледи:
412
Објавено на:
17.10.2019