Некои можеби и не се свесни, па би било добро да да се информираат, а за оние кои ги знаат само да се потсетат.
Доколку овие неколку совети секогаш ги имате на ум кога одите во кино, па уште и ако е филмот добар, големите се шансите дека вие и сите околу вас ќе уживаат.
Дојдете на време
И не само на кино, доаѓањето на време е одраз на основното воспитување и одлика на почитувањето на туѓото време. Секогаш доаѓајте на време во кино иако филмовите најчесто не почнуваат во точното закажано време, ќе ви треба време додека да пронајдете место, а тоа би било непријатно ако го правите кога филмот веќе почнал а вие трчате по аудиториумот додека вашите пуканки летаат на сите страни.
Чувајте место
Најдобриот начин да зачувате место за вашето друштво е да купите влезници со редни броеви кои се еден до друг, така ќе можете да се справите со другите кои се заинтересирани за вашите драгоцени позиции.
Високи сте
Сигурно и вие некогаш сте седеле позади некој кој е многу висок, и половина филм сте се обидувале да пронајдете позиицја во која ќе можете да го гледате целиот екран. Ако вие сте една од тие личности кои сте пораснале поприлично високи, не ставајте некој друг во иста ситуација па побарајте седиште кое е во задните редови.
Телефони и зборување
Сите знаеме дека е непристојно да се разговара во текот на филмот, и воопшто да се користи телефон во тотален мрак, но знаеме и дека тоа се случува понекогаш. Исклучете го звукот ако веќе не го ставате телефонот на „режим за летање“, а пред тоа опуштете се себеси на тој начин дека сигурно нешто што не може да чека сат и пол додека го гледате филмот, нема ни воопшто да се случи.
Потреба за тоалет
Кога излегувате во тоалет бидете што е можно потивки и по незабележливи и не ги вознемирувајте другите луѓе. Доколку знаете дека сте склони кон почесто мокрење, изберете седиште кое е поблиску до излезот.
Ѓубре
Сигурно се згрозувате кога ќе влезете во киното и насекаде има ѓубре од претходната проекција. Како што во вашиот дом не оставате расфрлани кеси со чипс, семки и пуканки на секаде, така нема причина да го правите тоа и таму. За тоа постојат канти за отпад. Не валкајте, немате изговор за тоа!
Разговори во преддворјето
Сигурно сте одушевени од крајот и сакате да го прераскажете на секој на кој ќе наидете, но имајте на ум дека луѓето кои чекаат на ред за следната проекција на истиот филм, сакаат да го задржат тоа искуство за себе и не сакаат да го откријат крајот од вас.