Категории

Го стимулира варењето на храната, ги намалува килограмите и го штити срцето: Направете супер смути од грозје

Рецепт за смути од грозје – вкусен и лековит!

Без разлика дали сте љубител на бело или црно грозје, во секој случај има голем број здравствени придобивки.

 

Грозјето е богато со антиоксиданти, помага во намалување на холестеролот и воспалението и е добар извор на витамини, особено Ц и К.

Влакната од грозјето го стимулираат варењето и спречуваат запек, а на придобивките им нема крај. Грозјето е добар сојузник во превенција на срцевите заболувања, помагајќи да намалите килограми и да го подобрите здравјето на очите.

Има доволно причини за следниот оброк да направите смути од грозје. замагче.

 

Состојки:

  • 50 грама спанаќ
  • 140 грама грозје
  • 1 банана
  • 1 лажица чија семе
  • 1 чаша коцки мраз

 

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте додека не добиете хомогена смеса.