Првиот впечаток е најважен, потрудете се да не ги правите овие грешки..
1.Алкохолот како техника за освојување
Конзумирањето алкохол во одредена количина е во ред, но ако на првиот состанок се опијаните мислејќи дека така ќе бидете поопуштени и ќе го освоите побрзо, се лажите, тоа може да создаде многу негативен впечаток за вас во неговите очи, па многу е веројатно дека нема да ве побара никогаш повеќе.
2.Забавување наречено „мување“
Во раните 20-ти, девојките сметаат дека на тој начин дечкото се обидува да ги освои, но ако прифатите ваков тип на флерт уште од почетокот, голема е веројатноста дека ќе остане само на тоа, и наскоро кога ќе му здосадите, тој ќе тргне во нова потрага.
3.Постојано комуницирање со пораки а не лично
Слатки пораки до бескрај, наутро, на полноќ, постојано се допишувате, но никако да се видите. Тоа нема да ги замени допирите, насмевките, парфемот.. Користете го мобилниот телефон само за да договорите дејт а не наместо него.
4.Оговарање на другите
Доколку постојано оговарате некоја друга девојка и зборувате лошо за неа со цел да се истакнете во неговите очи како најдобра, тоа нема да успее. Можеби таа плавуша за која зборувате дека ноктите и се неуредни и се смее ужасно, нема да ве направи вам подобра личност, само ќе го оддалечи.
5.Разговор за бившиот
Ако го споменувате поранешниот партнер и колку тој бил „лош“ и не наликува на тој со кој флертувате во моментот, тоа нема да донесе ништо позитивно нити ќе направи да се чувствува подобро. Тој ќе сфати дека го споредувате со него а никој не би сакал да е постјано споредуван со некој друг.