Здрав овошен пијалок – совршена дневна доза на витамини, минерали и антиоксиданти!
Наполнете го својот организам со минерали и антиоксиданти!
Состојки:
- 50 гр капини
- 50 гр боровинки
- 50 гр јагоди
- 50 гр црно или црвено грозје
- 125 мл кокосова вода
- 1 лимон
Подготовка:
Исчистете го убаво овошјето и ставете го во блендер и изблендирајте го сето тоа убаво. Лимонот исечете го на половина и исцедете го со рака.
Додадете го сокот во блендерот по вкус.