Категории

Научниците тврдат: Дигањето на тегови ги намалува симптомите на депресија и го подобрува расположението!

Добро е познато дека вежбањето е добро за здравјето, а научниците дошле до заклучок дека дигањето на тегови помага при анксиозност и депресија

Вежбањето има добар ефект врз менталното здравје, па дури и помага во борбата против депресијата, велат научниците.

Поточно, ова истражување било засновано на кардио вежби, како што се трчање и возење велосипед. Сепак, дали дигањето на тегови има ист ефект? Во студијата објавена во магазинот ЈАМА Психијатрија, научниците решиле да дадат одговор на ова прашање.

Откако анализирале 33 експерименти на тема дигање на тегови и депресија, тие дошле до заклучок дека овој вид на тренинг е поврзан со подобрување на состојбата на личности со симптоми на депресија, но и со лошо расположение.

Се разбира, ова не е лек, но истражувачите посочуваат дека континуитетот во дигање на тегови ги намалува симптомите на луѓето кои се чувствувале депресивно на почетокот на студијата.

Добра вест е дека истите резултати биле забележани кај луѓе кои тренирале двапати неделно, но и пет пати неделно.

Прегледи:
559
Објавено на:
26.10.2019