Категории

ИЗГАСЕТЕ ГО ТЕЛЕВИЗОРОТ И ОСТАВЕТЕ ГО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Оваа активност пред спиење го намалува стресот и ви овозможува мирен сон

Практично, но исто така и многу здраво.

Читањето пред спиење е традиција и навика што ја практикуваме уште од мали. Постојат луѓе кои едноставно не можат да заспијат без да прочитаат барем една страница од некоја книга.

 

Го намалува стресот, подобро од музика и чај

Читањето пред спиење може да ве опушти, според студијата на Универзитетот во Сасекс. Испитаниците биле изложени на стрес, а потоа со различни техники се обиделе да го намалат тој стрес.

Когнитивниот невропсихолог д-р Дејвид Луис открил дека читањето има најдобар ефект на намалување на нивото на стрес за 68 проценти.

Многи подобар резултат се постигнало од слушање музика (61 процент), консумирање чај (54%) и прошетка (42%). Само 6 минути било потребно за  да се намали нивото на стрес кај учесниците.

 

Го зајакнува мозокот

Читањето е многу корисно за зајакнување на мозокот и може да го намали ризикот од развој на дегенеративно заболување, како што е Алцхајмерова болест. Една неодамна спроведена студија покажала дека луѓето кои се занимаваат со активности како што се читање, решавање на загатки или играње шах, имаат 2,5 пати помалку ризик да се разболат.

Ова веројатно се должи на фактот дека Алцхајмеровата болест честопати е поврзана со ограничена активност на мозокот.

 

Ја подобрува креативноста

Подобрувањето можеме да го видиме и сами со читање книги. Читањето на децата е исто така исклучително важно. Приказните за добра ноќ имаат огромно влијание врз нив. Читањето за вашето дете е совршен начин за подобрување и на вашиот вокабулар, а исто така може да ве направи и повеќе емпатична личност.

Прегледи:
778
Објавено на:
29.10.2019