Категории

„Игра на Тронови“ се враќа – Најавен е нов спиноф

Среќни вести за фановите – ХБО ја најави новата серија

Ни доаѓа новиот спиноф на серијата феномен „Игра на Тронови“. ХБО откри детали дека директорската палка овој пат ќе ја превземе самиот писател – Џорџ Р.Р. Мартин.
Прокетот ќе биде базиран на најновата книга од серијата на Песна за Мразот и Огнот  – „Оган и Крв“ која ги следи случувањата на подемот на династијата Таргариен, предците на кралицата Денерис.

Продуцентот изјави дека овој проект ќе му донесе огромно задоволство на сите фанови затоа што ќе вклучува доста важни делови од историјата на Седумте кралства.
На прокетот исто така ќе работи и добитникот на Еми награда – Мигел Сапочник кој работеше на едни од највисоко оценетите епизоди од „Игра на Тронови“.

 

 

 

Прегледи:
588
Објавено на:
01.11.2019