Категории

5 идеи за кратко ноемвриско патување

Ноемвриските викенди се приближуваат.

Секој што сака да се одмори од секојдневниот живот и секојдневните рутини има можност да испланира патување овој ноември. Кои дестинации треба да ги изберете?

 

Париз

Нема место на земјата кое во есен изгледа толку убаво како француската престолнина. Шарените лисја добро се мешаат со светлите згради и импресивните контури. Прошетките во ноември во Париз се вистинско задоволство, пособено ако се земе во предвид кафето и другите локални деликатеси како што се сирењето или кроасаните кои го прават овој град толку познат.

 

Лондон

Ова е град во кој секогаш ќе сакате да се вратите. Има волшебна атмосфера, секоја област е различна, а најдобро од сè, изгледа како кадар од филм. Без разлика дали ќе одлучите да прошетате низ Нотинг Хил или да го посетите СОХО, ви гарантираме дека ќе бидете пленети од несомнениот шарм на овој град.

 

Виена

Зошто да ја посетите Виена во есен? Одговорот на ова прашање е едноставен: има толку многу што треба да се види и направи во Виена. Без разлика на временските услови, австриската престолнина им нуди на туристите бројни атракции, почнувајќи од прошетки низ прекрасни, впечатливи улици, преку софистицирани палати, до големи музеи и изложби со дела од светски познати уметници.

 

Мадрид

Ако ве интересира како изгледа животот во Мадрид, време е да го откриете тоа сами. Тој е прекрасен, жив град со величенствена, сјајна архитектура и многу атракции. Одличен избор е за краток есенски одмор затоа што ќе најдете се што ви треба за да имате пријатни моменти – музеи, пабови, барови со сангрија… Совршен за романтични вечери со чаша шпанско вино со прекрасни погледи.

 

Берлин

Германската престолнина е полна со живот: започнувајќи од класични споменици, палати и завршувајќи со големите можности за забава по кои е познат Берлин. Уште повеќе, љубителите на добра храна овде можат да откријат места како Монсиер Вуонг, ДадДу и Куќата на малите чуда кои дефинитивно ќе ви го украдат срцето. Ќе најдете и многу одлични кафулиња во германската престолнина. Берлин е едно од најдобрите места за пазарење, многу светски познати брендови имаат бутици, така што лесно можете да најдете нешто по одлична цена.

Прегледи:
515
Објавено на:
30.10.2019