Категории

Опсесивна љубов – како да ја препознаете и да се заштитите

Опсесивната љубов ја следи немоќ на самоконтрола, силна возбуда, страв од загуба, и драма поради секој збор и гест

Дали сте знаеле дека првобитното значење на зборот „страст“ било исклучиво негативно? Психотерапевтот др. Симон Андерсон вели дека е недоволно познато дека всушност оваа именка настанала од глаголот „страда, настрада“.
„Зошто страда или трпи страственото битие? – Затоа што страста е посветување на себеси на едно нешто и единствено нешто кое го доживува како најважно и има најголема вредност. Тоа може да биде друга особа, работа, хоби или уметност, кога се занемаруваат сите други сфери за кои е неопходно да се грижи. И затоа, гледано на долги стази, тој страда.“

Опсесивната љубов е всушност очајничка желба за саканата особа и ја следи губење на самоконтрола, силна возбуда, страв од загуба и драматизирање. Првите нејзини симптоми се сегашниот или поранешниот партнер постојано да се следи, контролира, повредува. Љубомората преминува во опсесија, апатија, самоповредување, немање самопочит.
Психологот вели дека тоа се случува кога личност, смислата за живот ќе ја поистоветува со некој или нешто, а кога тоа ќе го загуби, добива силни и непријатни чувства.

Тоа се ситуации кога некој ќе почне да размислува дека за него не постои живот без партнерот кој го оставил или го изневерил, па поради неговото предаство одлучува да му го упропасти животот. Тогаш тој е убеден дека има право на „кривецот“ да му го упропасти животот.
Тој создава драма што предизвикува анксиозност кај другиот, и постојан страв, мрачни мисли и неспокој од неговите дела.

„Ако се појави страв од она што партнерот може да ви го направи, тогаш се работи за исклучително опсесивна личност. Тука не е во прашање љубов, туку само сопствената желба и одмазда. Таквата личност не размислува рационално и не може да се стави во кожата на другиот“ – вели доктор Андерсон.

Прегледи:
1032
Објавено на:
04.11.2019