Спуштете го гардот и следете ги нашите совети …
Дали сè уште ја сакате магијата, иста онаа како кога се запознавте и се заљубивте?
За да останете среќни важно е да можете соодветно да комуницирате и да ги надминете расправиите што се дел од животот на секоја двојка. За добро разбирање, потребна е искреност пред се. За време на разговорот, треба да се изразите јасно и смирено, а не со нејасни пораки. Ако нешто ве навредило од страна на вашиот партнер или ве натерало да се чувствувате лошо, кажете му. На овој начин ќе го избегнете магичниот круг што може да ја претвори тривијалната епизода во лавина.
Бирајте зборови
Кога се расправате во лутина, лесно е да се изгуби контролата и зборовите можат да остават свој белег. Ако изговорите ужасни изрази кои не се промислени можете да ја расипете врската. Многу е подобро, наместо да се расправате, да ги оставите работите да се оладат. Скоро сите жени имаат лоша навика да сакаат да исправат сè веднаш, додека на мажите им треба време да управуваат со своите емоции.
Смеа
Иронијата и ведрината создаваат опуштена атмосфера во која просторот е препуштен на игра. Најсреќни парови се оние кои имаат смисла за хумор. Но, бидете внимателни, затоа што линијата помеѓу шегата и сарказмот е навистина тенка.
Водење љубов
Откако ќе се ослободите од гневот, одличен начин за смирување на атмосферата и откривање на хармонијата е водење љубов, галење и бакнување. Но, вие исто така можете да направите и други нешта заедно, како што се готвење или прошетка, бидејќи физичкиот замор ги елиминира негативните емоции.
Правила за решавање на споровите
- Не навредувајте, затоа што само го зголемувате конфликтот.
- Критикувајте го однесувањето, а не карактерот на личноста.
- Не вклучувајте други луѓе во кавгите.
- Ако сте лути, одвојте време да размислите за сè.
- Не повишувајте го тонот.
- Не заспивајте без објаснување.
- Ако сте го повредиле партнерот, извинете се.