Категории

7 нешта кои не сте ги знаеле за КАРМАТА

Кармата го стигнува секој од нас, без оглед дали е позитивна или негативна. Дознајте како таа влијае врз нашиот живот

Во превод од санскрит „карма“ значи „акција“. Затоа, што и да правиме или направиме, секогаш ни се враќа. Дури со еден здив испраќаме мал дел од својата енергија во Универзумот.

1.Кармата не е казна за кривично дело. Таа е дел од човечката душа, и сите постапки на душата се подложни на влијанието на кармата.

2.Кармата постои за да не научи како да се однесуваме во животот. Страдањето, победата, и било какви животни тешкотии кои наидуваат на нашиот пат ни помагаат да се развиваме.

3.Не мислете дека малите напори не се доволни. Секоја акција додава вкупен број на нешта кои сте ги направиме и доведува до големи промени во иднина. Секоја безначајна акција се испраќа до Универзумот и допринесува почеток на одредени случувања во иднината. Никогаш не знаете какво влијание ќе има кармата и какви последици може да донесе.

4.Добрата карма има позитивно влијание на мозокот, барем така велат научниците. Добрите дела ја подобруваат способноста на човекот за исцелување.

5.Кармата можете да ја исчистите со зборовите кои ги изговарате.

6.Сфаќањето дека дури и едноставните мисли и елемнтарните дела влијаат на реалноста, прави да стануваме по трпеливи и да престанеме да донесуваме избрзани одлуки.

7.Без оглед колку моментално е негативна кармата, тоа може да се промени. Иднината е само во нашите раце.

Прегледи:
864
Објавено на:
06.11.2019