Балканската регетон атракција Раста и македонскиот суперстар Таско, заедно со Римски и Корона, во организација на Балкан Медиа доаѓаат на 4 часовен спектакл во Скопје. Спектакл кој не смеете да го пропуштите, 9ти ноември А1 арена – Скопје ќе грми од хитови.
Судејќи според концертот што се случи во Охрид на Билјанини извори, Раста, Маја Беровиќ, Таско, кој помина и повеќе од очекувано добро, не сомнено дека ќе се повтори истата таа енергија и истиот голем концерт кој што веруваме со нетрпение го очекувате…
На концертот специјален гостин ќе биде ексклузивецот на Урбан Рекордс и соработник на Таско , Тракер. Ексксклузивно ќе биде промовирана нова песна на Раста и Корона. Додека пак Таско многу наскоро ќе промовира заедничка песна со Раста. Песната е завршена, се очекува да се изработи видео записот за истата. Оваа соработка се случи токму кога Таско пред извесен период престојуваше во Белград, во студиото на Балкантон каде што заедно со Раста и другите ексклузивци на оваa продукција снимаа и продуцираа нова музика. Ова се неговите впечатоци:
“После концертот што се случи во Охрид на Билјанини извори, Раста, Маја Беровиќ, Таско, некако природно дојде да имаме соработка со Раста. Дефинитивно со Раста размислуваме и работиме со истата енергија и делуваме на иста фрекфенција. Тој е генијалец за мене…Бевме затворени буквално по 12 часа во студио и целото тоа време беше доста продуктивно” – ни изјави Таско.
На Раста вистинското име му е Стефан Ѓуриќ. Роден е во Приштина, од каде што поради работа на родителите си заминува со нив и се преселува да живее во Белград. Родителите му се универзитетски професори и се далеку од естрадните случувања.
Неговите најслушани песни се: ,”Хабиби”,”Кавасаkи”,“Карера”,“Легализуј”…Беше во брак со познатата поп-пејачка Ана Николиќ, со која ја имаат ќерката Тара.
Додека сме во исчекување на големиот концерт што ќе се случи оваа сабота каде што не очекуваат многу изнанадувања, во продолжение погледнете ја атмосферата од охридскиот концерт…А на 9ти Ноември 21:00, ве очекуваме во А1 Арена!…