Категории

Не сте повеќе тинејџерка но и понатаму ве привлекуваат лоши момци?

Еве кои се причините за тоа

Иако во теорија, многу девојки посакуваат пристојни, романтични момци со манири, се испоставува дека на дело сепак избираат помалку темпераментни, слободни и заводливи.
Веќе на вториот дејт се каат поради својот избор, но сепак им претставува предизвик и потребна им е силна волја да стават крај кога е најслатко.

Во што е причината?
Тоа не е стереотип, туку сам по себе факт. Мажите кои доминираат обично конзумираат алкохол и други супстанции, имаат тетоважи и импулсивно однесување се попривлечни за жените, истражувања од еден сајт за онлајн состанување го потврдија овој факт дека жените сепак повеќе ги интересираат ваквите „лоши момци“.

Која е причината за тоа?
Жените веруваат дека нивниот живот би им бил многу полесен доколку не мораат сами да донесуваат важни одлуки. Кога тие ќе стапат во врска со некој кој тоа умее да го прави за нив, тие стануваат зависни од нив.

Добрите момци им се досадни
Мажите кои сакаат романтични прошетки, држење за раце, едноставно не им се привлечни. Наместо тоа повеќе би сакале да бидат со партнер кој има авантуристички дух, со кој секоја помината минута ќе им биде нова дива авантура.

Детството игра важна улога
Психолозите истакнаа дека голема е веројатноста жените кои се склони кон врски со вакви партнери, во своето детство да растеле во средина каде еден или двата родители биле строги и доминантни по природа, тие се навикнале на таков начин на живот и потсвесно ги бараат истите особини и кај партнерот.

Прегледи:
391
Објавено на:
07.11.2019