Категории

Отворил училиште за кучиња и секое утро има училишен автобус полн со „ученици“

Арат својата идеја ја добил одненадеж. Гледајќи го својот автомобил одлучил да го претвори во мини бус за кучиња и да отвори училиште во кое кучињата ќе можат да си играат и да се дружат. Го преуредил, го офарбал, залепил на него ознака „училишен автобус“ и го паркирал во дворот.

За две недели имал шеснаесет муштерии. Работата растела до таа мера што Арат морал да купи ново возило за своите миленичиња. Денес има 200 муштерии, а на ден во просек има околу 20 кучиња по кои секое утро доаѓа да ги одведе на големиот имот.

Вели дека ја работи најубавата работа на светот, а сопствениците на кучињата потврдиле дека работата ја извршува одлично. Нивните кучиња дома се враќаат среќни, а кога е време за на училиште, нестрпливо го чекаат својот возач и учител. Како изгледа училишен автобус полн со ученици кучиња? Погледнете во видеото!

Прегледи:
596
Објавено на:
07.11.2019