Категории

Секој има свој СРЕЌЕН ден – откријте кој е вашиот

Дали некогаш сте се се запрашале што значат имињата на деновите во неделата? Дали сте знаеле дека со самото тоа, секој ден е поволен за одредени нешта? Секој ден е под влијание на одредена планета..

Календарите, мерењето на времето и астрологијата се измениле со развојот и напредокот на западната култура. Традиционалната астрологија, некогаш била силно почитувана и користена, сега е запознавена и дел заборавена помеѓу модерното опкружвање и секојдневието.
Меѓутоа таа и понатаму постои и ние можеме да ги користиме предностите кои таа ни ги пружи и со тоа да го подобриме квалитетот на нашиот живот.

Откријте кој ден во неделата какво значење има и што носи со себеси, и за што можете најпаметно да го искористите.

Понеделник е Месечев ден
Почетокот на неделата е ден кога во главно сме опкружени со луѓе. Баш поради тоа, понеделник е поволен ден за склопување друштвени и деловни контакти но и за семејни и пријателски собири.
Месечината директно управува со емоционалниот живот на секој од нас, па овој ден го носи акцентот на чувствата.

Вторник е ден на Марс
Решавањето на тешките задачи, непремостливите препреки, тврдоглавите проблеми и се што ве мачи треба да се остави за вторник, поради Марс кој ни дава сила за тоа.
Во вторник треба да избегнувате расправии од било кој вид, затоа што Марс е спремен на се.

Среда е ден со кој владее Меркур
Со самото тоа, тој е ден кога најдобро ви оди од рака менталната работа. Учењето, проучувањето, студирањето, пишувањето, читањето.. Сите ментални активности во овој ден на Меркур треба да ви одат од рака.

Четврток е ден на планетата Јупитер
Овој ден искористете го да се соочите со големите нешта, проблемите и човечките судбини. Јупитер е она што нам ни е познато како планета на среќата и оптимизмот, па искористете го за неизвесните и несигурни нешта, Јупитер ќе биде покрај вас.

Петок е ден на шармантната Венера
Работната недела се завршува и почнува викендот за поголемиот дел од луѓето. Во текот на денот уживајте во избилие на фините манири, насмевките и хармонијата која ви ја донесува овој прекрасен ден.
Поради Венера која е планета на љубовта, овој ден е погоден за романтични средни и љубовни односи.

Сабота е ден кога владее Сатурн
Сатурн е планета на дисциплината, одговорноста и организацијата која ги отежнува нештата и прави тие да излегуваат од контрола. Затоа овој ден забавете, обрнете внимание на деталите и поминувајте време со старите луѓе кои можат да ви дадат мудри и корисни совети.

Неделата е ден на Сонцето
Овој ден како што на сите ни е познат, е поволен ден за одмор и релаксација. Покрај тоа, ова е ден посветен на дарежливите активности, добро е да покажете љубезност и да бидете хумани спрема луѓето.
Станете добра личност, затоа што Сонцето сака да биде така.

Прегледи:
1062
Објавено на:
11.11.2019