Категории

Разликата во годините помеѓу партнерите пресудна за успешна врска?

Психолозите дадоа одговор на контроверзното прашање.

Паровите кои делат за две децении имаат веројатност за разделба дури од 95 посто, додека една година разлика ги намалува шансите за развод за три посто. Најдобро поминуваат врсниците, а разликата од шест години и повеќе претставува генерациски дизбаланс.

Не е нормално да бидеш во врска со некој кој може да ти биде татко – така многу ќе ја прокоментираат веста за нивна блиска личност која е во врска со многу постар партнер. Љубовта не знае за години – ќе возврати романтичарот. Сега не ти смета, но ќе видиш за 10 години, кога ти ќе бидеш во најдобри години а тој ќе биде дедо – ќе те предупреди тој првиот. Некој е стар на 20 години, а некој млад и на 70, ќе ја реши рапсравата идеалистот.

Психолозите тврдат дека колку разликата во години е поголема помеѓу партнерите, тоа е поголема веројатноста дека врската ќе опстане.
Психологот Чарлс Маерс тврди дека без оглед на исклучоците треба да се има во предвид тоа дека кога сме во врска со некој кој е постар од нас повеќе од деценија, тоа порано или подоцна ќе резултира со дополнителни предизвици во врската.

Студијата спроведена во универзитетот во Атланта, во која учествуваа 3000 парови, покажува дека оние кои ги делат само пет години имаат 18 посто поголеми шанси да се разделат отколку оние кои се врсници. Ризикот расте со годините, па паровите со разлика од една деценија имаат 40% веројатност дека ќе се разделат, а оние кои имаат над десет години ралзика, дури 95% шанси дека нивната врска ќе резултира со разделба.
Паровите со поголема разлика мораат да бидат по трпеливи, толерантни, и флексибилни отколку оние кои се во врска со врсник.

Прегледи:
664
Објавено на:
12.11.2019