Категории

Магичен трик што секој треба да го направи во својот дом: Еве зошто треба да чувате тегла полна со ориз во вашиот плакар

Од ова целиот дом ќе мириса прекрасно! Направете домашен озонер од ориз …

За да го направите овој освежувач на простории и плакар, потребно ви е една стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло.

Оризот ќе ги апсорбира сите мириси на етеричното масло и просторијата ќе замириса веднаш.

Овој начин е целосно природен и мирисот ќе трае со месеци. Покрај тоа, тоа е значително подобар избор од освежувачите на воздух, бидејќи тие се преполни со хемикалии.

Можете да изберете масло со било кој мирис, но најефикасен во отстранувањето на непријатните мириси е маслото од лимонска трева.

 

Подготовка:

  • Наполнете ја теглата со ориз
  • Додадете 10 до 20 капки од омиленото етерично масло.
  • Покријте, па добро протресете за да се распредели маслото рамномерно преку зрната ориз.
  • Извадете го капакот и покријте ја теглата со газа и зацврстете го со ластик.
  • Кога интензитетот на мирисот ќе се намали, само протресете ја теглата или додајте уште неколку капки масло.
  • Освежувачот направен на овој начин може да се чува во простории или можете да го ставите во плакарот за вашата облека убаво да мириса.
Прегледи:
653
Објавено на:
12.11.2019